Cart
x ден
238 ден
Вклучен данок
Краток опис
Начин на употреба
Сирупот Мукоплант тегавец, против кашлица е традиционален хербален лек кој формира заштититен филм врз слузницата на устата и грлото и ја ублажува иритацијата и воспалението (демулсент).
Се користи за симптоматски третман на иритации на устата или грлото пидружени со сува кашлица.
Пакување: 100 мл
Состав: Активна супстанција е течен екстракт од лист од тегавец. Секој мл од сирупот содржи 64 мг течен екстракт од лист од тегавец (1:1). Средство за екстракција: етанол 20% (м/м).
*Помошни супстанции се сируп од шеќерна репка, шеќер (сируп од инвертен шеќер), мед, калиум сорбат, етерично масло од питомо нане, вода, прочистена.
Употреба:
Адолесценти (12-18 години), возрасни и стари лица 15 мл сируп (1 супена лажица) 3 до 4 пати на ден во еднакви интервали помеѓу дозите (вкупната дневна доза е 45-60 мл).
Педијатриска популација:
Деца помеѓу 5-11 години: 15 мл сируп (1 супена лажица) 2 до 3 пати на ден во еднакви интервали помеѓу дозите (вкупната дневна доза е 30-45 мл).
Деца помеѓу 3-4 години: 10 мл сируп (2 чајни лажици) 2 до 3 пати на ден во еднакви интервали помеѓу дозите (вкупната дневна доза е 20-30 мл).
Не се препорачува употреба на сирупот кај деца помали од 3 години.
Начин на употреба: За пиење.
Безбедноста за време на бременост и доење не е докажана.