Cart
x ден
41 ден
Вклучен данок
Краток опис
Начин на употреба
Fervex кесички за возрасни, 8 монодозни кесички. Fervex за возрасни е наменет за третман на настинка, воспаление на слузницата на носот (ринит), воспаление на слузницата на носот и грлото (ринофарингит) и состојби слични на грип (бистар исцедок од носот, кивање, солзење), главоболка и/или покачена температура кај возрасни и деца над 15 годишна возраст. Состав: Активни компоненти: парацетамол 500mg, витамин Ц 250mg, фенирамин малеат 25mg Останати состојки: природна арома од есенцијални масла од лимон, цимет и каранфилче, природни екстракти од рум, ванила и карамел, сахароза. Напомена: оваа формулација содржи сахароза како засладувач. За дијабетичари и лица кои избегнуваат внес на шеќери се препорачува формулацијата Fervex без шеќер која ги содржи истите активни компоненти и аспартам како засладувач. Пред употребата на лекот внимателно прочитајте го упатството. За ризикот и несаканите дејства советувајте се со лекар или фармацевт.
Употреба: Дозирање и начин на употреба: Вообичаено дозирање: 1 кесичка 2-3 пати на ден. Интервалот помеѓу дозите треба да биде најмалку 4 часа. Кај лица кои имаат нарушена бубрежна функција интервалот меѓу две дози треба да е најмалку 8 часа. Содржината на кесичката се раствора во чаша (200 ml) со топла или ладна вода. Препорачливо е да е водата топла, но да не преминува 60°C. Времетраење на употреба: 3-5 дена. Ако не се забележи олеснување на симптомите по 5 дневна употреба на препаратот, пациентот треба да се консултира со лекар. Мерка на претпазливост: употребата на лекот може да предизвика поспаност. При примена не треба да возите или да ракувате со машини. Мерка на претпазливост: Употребата на лекот може да предизвика поспаност. При примена не треба да возите или да ракувате со машини.